Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека е разочаран и очекува робусна реакција од тоа што се случува во Парламентот и како што вели, злоупотребата на европското знаменце.
Тоа се суштинските проблеми за граѓаните. Мојата порака до сите бирократи од надвор е да се позанимаваме овие месеци пред изборите со вистинските проблеми бидејќи само така ќе ги решаваме. Се останато е дополнителна фрустрација кај граѓаните, кажа Мицкоски од општина Бутел.
На прашањето околу тоа дали ќе побара случаите од „27 април“ да бидат опфатени во новиот Закон за амнестија, Мицкоски не одговори точно, туку кажа дека тоа е „политички прогон“ и дека „трговија со судбината на тие луѓе не прифаќаат да направат“.
Тие луѓе бараат правда, ниту милост, ниту амнестија. Правдата ќе ја добијат со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе видиме што е дадено во Парламентот со предлог-законот, кој се уште го немам добиено, рече првиот човек на опозицијата.