Авион на италијанското воено воздухопловство се урна за време на акробатска вежба, при што загинала една малолетничка која во тој момент била на земја.
Авионот или делови од авионот наводно паднеле врз автомобилот во кој се наоѓало едно семејство, при што загинало петгодишното девојче.
Нејзниот брат – деветгодишно момче и родителите се здобиле со изгореници, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Пилотот се катапултирал и наводно се здобил само со изгореници.
На видеото се гледа како пилотот се исфрла со падобран непосредно пред ударот.
One of the aircraft of the Frecce Tricolori crashed on take off from Turin Caselle airport—Italy pic.twitter.com/QZQ25bfIsP
— 𝕏 (@AlertChannel) September 16, 2023
Несреќата наводно се случила по полетувањето од аеродромот во Торино, а засега нема информации за состојбата на пилотот, ниту за причините за несреќата.
„Frecce Tricolori“ е врвен италијански тим на акробатски пилоти, дел од италијанските воздухопловни сили. Тие обично изведуваат драматични прелетувања на настани од национално значење, оставајќи црвени, зелени и бели димни линии на небото, во боите на италијанското знаме, пишува АП.