195
Украинската војска утрово соопшти дека руските сили извршиле „голем“ напад со проектили и беспилотни летала на Одеса, јужна Украина.
Последиците од нападот се уште се проценуваат, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 18 од 24-те камикази беспилотни летала кои летале кон регионите на Миколаев и Одеса, пренесе Ројтерс.