Вучиќ: Очекувам просечната плата во декември да биде 840 евра

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува просечната плата во декември да биде 840 евра, а Србија за само една година и три месеци ќе се приближи до просечна плата од 1.000 евра.

Вучиќ во синоќешното гостување на ТВ Пинк потсети дека во септември платите на 214.000 луѓе им се зголемени за 5,5 отсто и тоа на воспитувачите, медицинските сестри и негувателките.

„Од 1 јануари ги чекаат уште 10 или 11, можеби и 11,5 отсто. Кумулативно е над 16 проценти. Тоа е многу повисоко од просечната годишна инфлација која во зависност од месецот е околу 11 или 12 проценти, секако не над тоа“, рече Вучиќ.

„Исто така, пензиите на пензионерите ќе бидат зголемени од 1 октомври за 5,5 отсто, а потоа за 14,8 отсто, што е кумулативно над 21 отсто од 1 јануари“, прецизира претседателот.

„Очекуваме оваа година да ја завршиме со просечна плата во декември од 840 евра, со зголемена минимална плата од јануари на 402 евра. Минимумот беше само 150 евра пред 10 години. Очекуваме следната година просечната плата во Србија во декември да биде 960 евра. За само една година и три месеци ќе се приближиме до просечната плата во Србија од речиси 1.000 евра, без да ја загрозиме стабилноста на јавните финансии“, рече Вучиќ.

Просечната пензија, вели, ќе биде некаде околу 390, можеби и 400 евра.

„Ако војната во Украина заврши, дури и повеќе од тоа, најмалку 390 евра на крајот на следната година. Ова се големи случувања за нашата земја“, истакна Вучиќ.

Слични содржини