203
Вооружените сили на Украина денеска со проектили ја нападнаа административната зграда на шефот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), а во близина на таа зграда во центарот на Доњецк во источна Украина се случија експлозии, пренесе РИА Новости.
Вршителот на должноста шеф на ДНР, Денис Пушилин, кој беше назначен од Русија, на Телеграм напиша дека експлозиите се случиле во административната зграда, и дека нема загинати или повредени, пренесе Танјуг.
Украинските сили истрелаа три проектили од американскиот ракетен систем МЛРС кон центарот на Доњецк, а директно беше погоден покривот на административната зграда.
Градоначалникот на Доњецк Алексеј Кулемзин објави дека е нападнат центарот на градот.