ЛНР и ДНР ќе одржат референдум за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември

од Stefanija Kuzmanovska

Референдумот за влез на самопрогласената Народна Република Доњецк во Русија ќе се одржи од 23 до 27 септември, соопшти денеска лидерот на ДНР, Денис Пушилин.

Според соопштението за печатот на движењето „Доњецка Република“, пратениците на Народниот совет на ДНР го усвоија законот за референдум за присоединување на републиката кон Русија, пренесе РИА Новости.

Вчера, јавните комори на ЛНР и ДНР се обратија до лидерите на тие самопрогласени републики, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, со иницијатива за итно одржување референдуми за влез на ЛНР и ДНР во Русија.

Слични содржини