ВМРО-ДПМНЕ очекува ДКСК да отвори предмет за случајот со лиценците вреден 40 милиони евра

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројават интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот, па ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција?, прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години?

И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?

Притоа, Ковачевски на Влада го минува истиот колега како Конзул на странска држава, што значи Владата сега набавува софтвери за Владата и за администрацијата од човек којшто застапува странски интереси?

Очекуваме ДКСК да отвори предмет, и во најкус рок да се изјасни за скандалот!“, вели, меѓу другото, Стоилковски.

Слични содржини