„Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата“, тврди Мицкоски

од Radmila Tasevska
250 прегледи

За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за германски ФАЦ. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот, посочува тој.

‘Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее, уверен е шефот на опозицијата.

‘Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања. На тоа сега е крај’, истакнал тој.

Доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот, дециден е Мицкоски во разговорот за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Слични содржини