18-годишник снимил експлицитно видео од малолетничка, па го споделил со нејзиното семејство и соученици

од Nikola Popovski
475 прегледи

18-годишник е обвинет за производство на детска порнографија, соопштија од МВР.

Скопската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Во јануари 2023 година, пријавениот со закана направил видео запис со експлицитна содржина од малолетничка, по што преку мобилни апликации го споделил записот на нејзиното семејство и соученици.

Слични содржини