Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош и општина Чучер Сандево.
Од 09:15 до 11:15 часот, без струја ќе бидат корисниците од објектите на Граничниот премин кон Косово – Блаце и селото Горно Блаце, општина Чучер Сандево.
Без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улица Џумајска, (од бр. 1 до бр. 28) во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.