Уапсени се 11 лица при голема полициска акција која се случувала утрово за сузбивање на нелегална сеча на дрва, дознава „Локално“ од свои извори.
Во акцијата учествувале припадници на ЕБР, специјалци и полициски службеници.
Лицата биле фатени на Скопска Црна Гора, во атарот на селото Брест. На лице место се фатени голема количина на дрва.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Р.Т.