232
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на своето обраќање на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации упати јавен повик за признавање на Косово и промена на изборниот закон во Босна и Херцеговина.
Во својот говор во средата, тој изрази загриженост за последните настани во односите меѓу Белград и Приштина и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на Косово како „полноправна членка на меѓународната заедница“, известува „Н1 Хрватска“.
Во своето обраќање, Милановиќ, меѓу другото, истакна дека Хрватска ја поддржува европската перспектива на Босна и Херцеговина и дека ја поздравува одлуката на Европската унија да и даде кандидатски статус.