225
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави дека земјата повеќе не испраќа оружје во Украина, откако односите меѓу двете земји се влошија поради продолжувањето на полската забрана за увоз на украинско жито.
Моравјецки за ТВ Полсат изјави дека Полска помага да се победи „рускиот варварин“, но дека не може да се согласи да го дестабилизира сопствениот пазар со увоз на украинско жито.
„Се разбира, ќе го задржиме транзитот на украинската стока. Полска не сноси никакви трошоци поради тоа. Напротив, може да се каже дека заработуваме од тоа“, рече тој, пренесе агенцијата ПАП.