Мицкоски за „Фејсбук војната“ со Груевски: Петардата на СДСМ пукна во нивната рака

од Nikola Popovski
353 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека неговата партија ја води раководството на партијата, заедно со членовите и активистите. Според него, „лажната кампања на СДСМ дека партијата е раководена од Будимпешта се распрсна како меур од сапуница и нивната петарда пукна во нивна рака“.

Мицкоски посочува дека од СДСМ ќе измислат уште нешто и дека вистинските патриоти во СДСМ треба да дојдат на вистинските места, што како што вели, може да се случи штом партијата се врати во опозиција.

Тој денеска од Новаци повторно демантираше дека имал тајни средби околу измените на Кривичниот законик.

За „војната“ и препукувањата со поранешниот премиер и негов претходник, Никола Груевски, Мицкоски истакнува дека „сака Македонија да оди напред, а да не биде заглавена во тајните средби меѓу Ахмети, Груевски и Ковачевски“.

Гориме од желба за парламентарни избори за да покажеме колкава е единството во ВМРО-ДПМНЕ. Ако доскоро бев во дилема дали сме блиску до 61 пратеник, сега сум убеден дека тоа е возможна цел, рече Мицкоски пред присутните новинари.

Слични содржини