-Ја нема таа политичка цена на која СДСМ може да прифати на било кој начин Груевски да биде наш коалиционен партнер. И тука сме децидни – изјави поранешниот градоначалник Петре Шилегов за “Само Интервју” на Канал 5.
СДСМ, смета Шилегов изминативе шест до седум години носи сериозни политички процеси на својот грб како партија. Од потпишување на Преспанскиот договор па се до зачленување на Македонија во НАТО.
Во однос на измените во Кривичниот законик кои се актуелни деновиве, Шилегов смета дека она на што треба да се работи е пред де реформа на институциите.
– Моментот што е многу битен за измените во Кривичниот законик за мене како правник е дека не е височината на казната проблем. Проблемот е подлабок и посериозен и нам ни е потребно да направиме и како држава и како политички партии сериозна реформа што ќе донесе функционални институции. Проблемот на немањето одговорност, сетоа тоа значи дека ние имаме нефункционални институции на повеќе нивоа- вели Шилегов за Канал 5.