Неколку последователни земјотреси регистрирани во централна Турција

од Radmila Tasevska
273 прегледи

Неколку земјотреси со јачина од 2,8 до 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во централна Турција, информира на својата веб-страница Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Последниот земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран на 117 километри северозападно од Алепо, Сирија во 20 часот и 17 минути по локално време, и на 35 километри западно од Газиантеп, Турција, на длабочина од осум километри.

Слични содржини