Двајца кинески државјани со престој во Скопје, се истепале меѓусебе во центарот на главниот град, информираат од МВР.
Според полицискиот билтен, настанот се случил пред два дена.
Во полициската станица Центар, Х.Ј.(48) од Кина, со престој во Скопје, пријавил дека околу 15.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Л.Х., исто така, кинески државјанин.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.