Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Полска е „прилично агресивна“ земја која се меша во внатрешните работи на другите земји, додавајќи дека таа не е „најудобниот“ сосед за Белорусија и дека Минск и Москва се во состојба на готовност.
„Соседството со Полска не е најудобно за нашите белоруски пријатели: земјата е прилично агресивна, не бега од субверзивни активности, мешање во внатрешните работи, но во овој случај нашите белоруски пријатели и сојузници и ние сме во состојба на готовност во позадина на потенцијални закани кои би можеле да дојдат од Полска“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека Москва предвидува дека ќе се засилат искрите меѓу Киев и Варшава, како и со другите земји од ЕУ, и дека Русија продолжува со „специјалната операција“ за да ги постигне целите што ги постави.