Кандидат за претседател на САД најавува укинување на Министерството за образование

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат Вивек Рамасвами денеска изјави дека доколку биде избран за претседател на САД, ќе го укине Министерството за образование и ќе го префрли неговиот буџет, меѓу другото, на безбедноста на училиштата.

„Родителите знаат што е најдобро за нивните деца, а не министерот за образование Кардона. Без извинување ќе го затворам американското Министерство за образование и ќе го искористам неговиот буџет од 80+ милијарди долари за безбедност на училиштата, избор на училишта и професионални програми наместо да им наметнувам токсични идеологии на децата“, сподели Рамасвами на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Рамасвами реагираше на изјавата на министерот Мигел Кардона кој рече дека не ги почитува премногу родителите кои се однесуваат „како да знаат што е добро за децата“, пренесува Танјуг.

„Не ги почитувам родителите кои лошо се однесувале на состаноците на училишниот одбор. Тие се однесуваат како да знаат што е добро за децата“, изјави американскиот министер за АП.

Слични содржини