560
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, деновиве е во Њујорк, а на својот Инстаграм профил објави фотографија со амбасадорот на Србија во Вашингтон, Марко Ѓуриќ.
„Некој би рекол дека јас и Марко имавме спортски активности или дека одевме на долга прошетка, а вистинската причина за нашето пристигнување во Брајант парк се крие во фотографијата број два. Сè што имаа од вафли или како што ние велиме – бабина торта, ние двајцата ги изедовме. Тоа е подготовка за моето враќање во Белград, а Марко наскоро ќе се врати во Србија од Вашингтон“, изјави Вучиќ, облечен во бебешко сина тренерка.