Претседателот на српскиот парламент, Владимир Орлиќ изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите за настаните во Бањска и дека секој сериозен ќе каже дека треба да видиме што точно се случило, а потоа да се коментира.
Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во напад врз единица на косовската полиција синоќа на влезот во селото Бањска на северот на Косово, соопшти полицијата во Приштина.
„Ако зборуваме за тоа кој е одговорен за каков било вид насилство – тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И се што направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ, го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да доведе до некакво насилство“, истакна Орлиќ.
Тој посочи дека е јасно кој може да биде задоволен доколку дојде до некаков конфликт, особено ако станува збор за човечки жртви.