210
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на прес-конференција по повод случувањата во Бањска изјави дека го осудува убиството на албанскиот полицаец во околината на манастирот и дека тоа со ништо не може да се оправда, но дека тоа е резултат, како што рече, на теророт на премиерот на Косово, Албин Курти.
Во обраќањето до нацијата, Вучиќ рече дека никако не сака да го оправда убиството на албански полицаец, ниту пак е можно да го оправда.
„Тоа е за осуда и тоа е нешто што никому не му требаше, а најмалку на српскиот народ, во моментот кога сите сфатија дека Курти е главниот организатор на хаосот во Косово. И тука нема „но“, изјави Вучиќ.