Позади тоа што се случи вчера на Косово, постои нечија агенда, кои што сакаат повторно да го видат регионот да биде во немир, кавга меѓу соседите, но за среќа има политичари како што се кај нас и Албанија, а верувам и во целиот регион, кои што сакаат да го видат регионот во ЕУ, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот уште еднаш испрати осуда за престрелките на Косово, но и даде поддршка до безбедносните структури на Косово и КФОР.
Имаме наши војници кои се дел од мисијата на КФОР на Косово и вчера бевме во постојан контакт со нив. Потребна е веднаш истрага за да се видат сторителите, мотивите и нарачителите на овој негативен акт во селото Бањска, додаде Ковачевски.
Во однос на безбедносната состојба во земјава, Ковачевски уверува дека граѓаните можат да бидат спокојни – таа е стабилна и без знаци на можни нарушувања.