200
Соединетите Американски Држави силно ги осудуваат нападите врз полицијата на северот на Косово, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и ги повика Приштина и Белград на деескалација на тензиите.
„Сторителите на ова злосторство мора да одговараат преку транспарентен истражен процес“, се вели во изјавата на Блинкен, а пренесе Ројтерс.
Во селото Бањска на северот на Косово, ноќта меѓу саботата и неделата дошло до конфликт меѓу локалните Срби и косовската полиција, во кој загинале тројца Срби и еден полицаец.