Пожар меѓу штипските села Сушево и Доброшани

од Radmila Tasevska
170 прегледи

Голем пожар во штипскиот регион, со огнената стихија која почнала од селото Сушево се борат 25 пожарникари од Тертиријалната Противпожарна единица во Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се со четири противпожарни возила и во моментов се кај селото Доброшани, каде спрелуваат огнот да дојде до куќите.

-Станува збор за голем пожар гори сува трева и мешана шума. Површината е голема и е неколку стотини хектари. Според моите информации колегите од Свети Николе веќе се на терен кај светиниколското село Богословец, вели Коцев.

Тој посочува дека станува збор за непристапен терен, а во овој предел можат да се движат само со џипови, теренски возила. Пожарот е пријавен во 15.30 часот.

Слични содржини