Девет момчиња во градот „под закон“ на мафијата силувале роднини на возраст од 10 и 12 години! Се беше пренесувано во живо…

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Еден од деветте млади момчиња уапсени во вторникот под сомнение дека групно силувале роднини на возраст од 10 и 12 години, го снимил грозоморниот чин и го пренесувал во живо. Ова се резултатите од истрагата за шокантниот случај кој ја тресе Италија. Злосторството се случило во италијанскиот град Каивано, во близина на Неапол, кој е речиси целосно контролиран од италијанската мафија Камора.

Седум малолетници и двајца полнолетни тинејџери се уапсени или подложени на други „мерки на претпазливост“. Случајот доведе и до тоа дека по долгогодишно невнимание, карабинерите реагираа во овој мал град и започнаа акција за разбивање на криминалот. Како што наведуваат бројни странски медиуми, единствениот закон во овој град е мафијашкиот рекет кој се спроведува со децении.

Истражниот судија Умберто Лукарели рече дека осомничените „брутално ја искористиле слабоста и нежната возраст на нивните жртви, сигурно дека нема да бидат пријавени поради срам и закана да дистрибуираат слики од нападите“.

Слични содржини