Двојни аршини на еко активистите кои се против рудникот „Иловица-Штука“?

од Vladimir Zorba
225 прегледи

По одлуката на Владата да се пишмани од претходното административно спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука, во јавноста сѐ повеќе се зборува дека дел од активистите кои настапуваат против отворањето на рудникот работат за нечии други интереси, кои немаат никаква врска со заштитата на здравјето, животната средина и земјоделството.

Иницијативата „И здравје и работа“ соопшти дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот „Иловица-Штука“, локалното население и целата македонска јавност нема пристап до сите релевантни информации во врска со технолошкиот процес за изградба на рудникот.

Тие прашуваат кој има фирма што работи за потребите за рудник кој врши експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 километри од „Иловица-Штука“ и дали е точно дека ако овој рудник се отвори, претходниот рудник за бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?

Еден од најгласните активисти против рудникот „Иловица-Штука“ Костадин Ристоманов, неодамна во телевизиско гостување во локалната телевизија „Вис“ изјави дека претходно соработувал со рудникот Бучим.

– Работев, да, во Бучим од 2004 година до 2008 година кога почна вистинското обновување на капацитетите на Бучим. Ние реновиравме канцеларии, водоводи, пукнати цевки, бањи, опрема и внатре мебел – рече Ристоманов, кој своевремено соработувал со единствениот рудник во земјава кој врши експлоатација на бакар.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини