Нето надворешниот долг изнесува 4.324 милиони евра или 30,5% од проектираниот БДП

од Vladimir Zorba
478 прегледи

Народната банка денеска го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На 30.6.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.324 милиони евра (или 30,5% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра, или за 2,9%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%.

Во текот на вториот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 226 милиони евра и изнесува 8.357 милиони евра, што претставува 58,9% од проектираниот БДП за 2023 година.

Целиот извештај на следниот линк!

Слични содржини