Уапсени деветмина турски државјани на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski
411 прегледи

На 28.09.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Слични содржини