Спасени 177 лица од запален траект со мигранти кај Лампедуза

од Radmila Tasevska
238 прегледи

Италијанската крајбрежна стража спасила 177 лица, меѓу кои 27 членови на екипажот, од траект што се запалил на пат од италијанскиот остров Лампедуза кон градот Порто Емпедокле, на Сицилија, соопштија денеска италијанските власти.

Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти, кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, пренесено од британските медиуми.

За време на спасувањето, крајбрежната стража употребила водени топови за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот, што доцна синоќа избувнал во машинската соба, се наведува во соопштението.

Слични содржини