234
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 20 – ти минатиот месец, на регионалниот пат Старо Нагоричане – Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман’’, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека превезува 44 илегални мигранти, соопштија од МВР.