182
Најмалку девет лица загинаа, а 40 се повредени при уривање на покрив на црква во северниот мексикански град Сиудад Мадеро, а се верува дека уште 30 луѓе се заробени под урнатините.
Како што јави „Ројтерс“, спасувачките екипи работат под рефлектори за да стигнат до затрупаните, а во потрагата учествуваат и кучиња трагачи.
Бискупот Хозе Армандо Алварез од Римокатоличката епархија Тампико рече дека покривот на црквата се урнал додека верниците се причестувале и побарал од останатите да се молат за преживеаните.