Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се договориле да излезат од Собрание доколку се стави европско знаменце на Законот за амнестија

од Nikola Popovski
305 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со пратеничката група во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, со посебен акцент на Законот за амнестија предложен од владата на СДСМ и ДУИ.

Според Мицкоски неприфатливо е докажани криминалци вклучително и оние од случајот Монструм да бидат помилувани или ослободени, додавајќи дека обидите на власта за да ги ослободи докажаните криминалци всушност е надвор од здрав разум.

-Мицкоски посочил со овој закон владата на СДСМ и ДУИ сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надева дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на начинот на носење на Законот за амнестија, кој е пуштен по скратена постапка Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата донеле одлука да се блокира законот. Но, доколку биде злоупотребено европското знаменце, пратениците ќе ја напуштат работата на собранието.

Слични содржини