Бугарската царинска служба вчера воведе забрана за влез на руски автомобили на територијата на Бугарија.
„Забраната за влез на автомобили регистрирани во Русија важи и за транзитни патувања низ територијата на земјата“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на царината, пренесува ТАС С.
Исклучоци постојат за автомобили купени во Русија за потребите на дипломатско-конзуларните претставништва.
„Автомобилите кои се веќе на територијата на Бугарија мора да ја напуштат земјата најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето. Изрично е забранет влез или продолжување на дозволата за привремен превоз“, се додава во соопштението.
Забраната за влез на руски автомобили веќе е во сила во Летонија, Литванија, Полска, Финска и Естонија, а од денес, 3 октомври, ќе биде воведена и во Норвешка.
Претходно, Европската комисија објави објаснување во кое се наведува дека санкциите што Советот на ЕУ ги воведе кон Русија во 2022 година важат и за личните возила со руски регистарски таблички. Согласно тоа, Русите нема да можат да влезат на територијата на земјите од Европската унија со своите автомобили за туристички цели, дури ни за краток временски период.