Јанкуловска останала во контакт само со Јанакиески, вели дека условите во „Идризово“ се лоши

од Nikola Popovski
910 прегледи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која во моментов одлежува затворска казна, обелодени дека нејзините контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницира со поранешните колеги. Јанкуловска во интервју за „360 степени“ истакна дека останала во најблизок контакт само со поранешниот министер и нејзин поранешен партиски колега, Миле Јанакиески,кој исто така одлежува затворска казна.

-Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт, вели таа.

Изјави дека настојува да го зачува физичкото и психичкото здравје откако е во затвор.

Вели дека прочитала книги кои претходно немала време да ги чита.

-Прочитав стручна литература, настојувам да ја одржувам интелектуалната кондиција, рече Јанкулоска во интервјуто и додаде дека условите во затворот се лоши.

„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите“.

Јанкулоска потврди дека непосредна сосетка ѝ е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која, пак, е осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Рекет“.

Јанкулоска одлежа три години од четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Слични содржини