Украина: Уништени 29 руски дронови и една крстаречка ракета

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Украина уништи 29 од вкупно 31 руски дрон и една крстосувачка ракета, од кои повеќето беа насочени кон регионите на Николаев и Дњепропетровск, соопшти денеска украинската војска.

Нападите траеле повеќе од три часа во текот на ноќта во бранови, според јужната команда на украинските сили, пренесува „Ројтерс“.

Делови од погодените летала кои паднале во градот Дњепар на југоисточниот дел на земјата предизвикаа пожар во приватна компанија, кој брзо беше изгаснат, изјави гувернерот на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак.

Слични содржини