327
Оперативците на Службата за државна безбедност на Азербејџан го уапсија Араик Харутјуњан, поранешен лидер на регионот Нагорно-Карабах, објави азербејџанската новинска агенција АПА.
Како што јави ТАСС, тој моментално е во транзит кон Баку.
Претходно денеска АПА исто така објави дека азербејџанските безбедносни сили уапсиле двајца поранешни лидери на Нагорно Карабах, Аркадиј Гукасјан и Бак Сакјан, како и Давит Ишкањан.