288
Тетовец лажно пријавил во полиција дека бил физички нападнат и ограбен, откако на друго место ги изгубил парите, информираат од МВР.
Вчера во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово бил повикан С.К.(21) од Тетово, кој еден час пред тоа пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово околу 13 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари.
По преземени мерки и активности набргу било утврдено дека тој лажно пријавил, измислувајќи го случајот, откако на друго место ги изгубил парите.
По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.