Дејвид Бекам повторно цел на критики поради односот со својата ќерка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
620 прегледи

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам веќе беше критикуван поради својот однос со ќерката, бидејќи постојано објавуваше слики како ја бакнува својата малолетна ќерка во уста.

Иако доби бројни напади и негативни коментари за своите постапки, се чини дека овие коментари не го спречија Бекам повторно да го стори истото.

Пред три дена Бекам објави видео од неговата 12-годишна ќерка Харпер како го шминка за модната недела во Париз, каде неговата сопруга Викторија Бекам ја претстави новата модна колекција, а откако нејзината ќерка го нашминка, Бекам ја бакна во уста.

Овој потег повторно предизвика бројни негативни коментари.

Слични содржини