Познатата актерка Џоди Тарнер Смит по три години брак одлучи да се разведе од својот колега Џошуа Џексон.
Веста за разводот на популарната двојка го изненади Холивуд, со оглед на тоа што нивниот брак не беше проследен со никакви скандали.
Но, во документите како причина за крајот на нивната љубов било наведено дека меѓу нив имало непомирливи разлики.
Актерката одлучила да ангажира адвокат кој го бранеше и Кевин Костнер за време на неговиот развод, а како што пренесува TMZ, Џоди побарала заедничко старателство над ќерката Џун.