Познат водител го удрило гром: „Не го ни видов блесокот на молњата“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Познатиот водител и авантурист Форест Галанте (35) минатата недела снимал промо за својот канал на Јутјуб во Еверглејдс Сити кога почнало да грми и го удрило гром.

Галанте истрчал од водата велејќи дека е погоден, но откако се смирил, ѝ кажал на камерата дека е добро, а потоа заедно ја прегледале снимката за да видат дали се е снимено на видео.

Истиот ден, Галанте, водител на каналот Дискавери, биолог и експерт за диви животни, го објасни инцидентот на својот канал на Јутјуб.

„Леле, каков ден. Значи, денес требаше да биде лесен ден – ние сме тука во Јужна Флорида и снимаме куп различни содржини, а една од работите што планиравме да ги направиме денес беше да одиме во мочуриштата и да снимаме содржина“, рече Галанте.

Тој навел дека кон крајот на денот времето почнало да се влошува, почнало да врне и оддалеку слушнал гром.

„Знаете, тоа е Флорида. Тука врне дожд. Цело време молњи и громови“, вели Галанте во видеото.

Тој тврди дека не го видел блесокот од молњата бидејќи бил свртен кон камерата, но почувствувал дека нозете и грбот му се стегаат бидејќи бил „парализиран за дел од секундата“.

„Сфатив кога го прегледав видеото дека громот удрил зад мене и само поминал низ водата покрај моите нозе – во половината, во срцето, а всушност и во мојата уста“, изјави Галанте.

Слични содржини