Стартува со работа Анкетната комисија за случувањата на Онкологија

од Nikola Popovski
194 прегледи

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи денеска ќе ја предводи првата седница на Анкетната комисија која ќе го истражува актуелниот скандал со цитостатиците на скопската Клиника за онкологија. Во текот на вчерашниот ден беше изгласана одлука за избор на членови и заменици членови на комисијата, а беа назначени и собраниските соработници и службеници кои ќе бидат дел од оваа Анкетна комисија, со што целосно се исполнија условите за почеток со работа на оваа Анкетна комисија.

Анкетната комисија брои 12 членови и исто толку заменици.

Членови на Комисија ќе бидат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески, пратеници од СДСМ и коалицијата – Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, пратениците Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

За нивни заменици, пак, избрани се Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска од СДСМ и коалицијата, Бајрам Кадрија и Берат Ајдари од ДУИ и Артина Казими од Алијанса за Албанците.

Од парламентарното мнозинство велат дека без калкулации ја прифатиле идејата за формирање анкетна комисија и се надеваат на завршница.

Одлуката за формирање на Анкетна комисија беше донесена на 20-ти месецов, по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија. За овој случај на почетокот на месецов Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.

Слични содржини