Бајден: Конфликтите во Конгресот може да наштетат на испраќањето помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е загрижен дека републиканските внатрешни борби во Конгресот може да ѝ наштетат на помошта за Украина и вети дека наскоро ќе одржи говор во кој ќе објасни зошто САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија.

„Тоа ме загрижува, но знам дека има мнозинство членови на Претставничкиот дом и Сенатот од двете партии кои рекоа дека поддржуваат испраќање помош за Украина“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека ќе одржи говор во кој ќе објасни зошто е важно САД и нивните сојузници да останат посветени на испраќање помош за Украина, која во голема мера се потпира на оружје од западните земји.

Слични содржини