Вообичаени навики кои го оштетуваат мозокот

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Секојдневно сме изложени на разни хемикалии и несакани состојки без наше знаење. Се разбира, некои хемикалии се безопасни, но некои можат да бидат особено опасни за мозокот.

Овие вообичаени навики го оштетуваат мозокот:

Изложеност на сина светлина
Сината светлина што ја емитуваат мобилните телефони и разни други екрани го одржува вашиот мозок активен кога треба да мирува, со што го нарушува циклусот на спиење.

Прескокнување оброци
За да бидеме во тек со сè околу нас, често ги прескокнуваме основните потреби како јадење и спиење. Но, токму овие основни потреби играат клучна улога во одржувањето на мозокот во „форма“.

Значителен стрес
Стресот влијае на префронталниот кортекс и меморијата. Обидете се да бидете што помалку под стрес и да учествувате во активности кои ве опуштаат, пишува India Times.

Недостаток на сон
Останувањето будни до доцна влијае на меморијата, расудувањето и способноста на мозокот да решава проблеми.

Недостаток на дружење
Недостатокот на дружење и осаменоста се поврзани со депресија и когнитивно опаѓање. Обидете се да имате активен социјален живот.

Долго седење
Седењето со часови може да влијае на здравјето на мозокот. Се препорачува да се движите 15 до 30 минути по седењето.

Консумација на прехранбени адитиви
Се вели дека неколку прехранбени адитиви, како што се мононатриум глутамат или MSG, аспартамот, имаат ефекти кои го оштетуваат мозокот.

Внесување на рафинирани јаглехидрати
Јадењето високо обработено брашно може да предизвика зголемување на нивото на шеќер во крвта, што може да го оштети мозокот ако не се лекува.

Лошо здравје на непцата
Истражувањата покажаа дека болеста на непцата може да доведе до намалување на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за учење и меморија.

Прекумерна консумација на шеќер
Прекумерното консумирање шеќер може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да ги оштети крвните садови во мозокот.

Слични содржини