Масачусетс: Трудница застрелана додека седела во автобус, бебето не можело да биде спасено

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Во престрелка во центарот на градот Хољок, во американската сојузна држава Масачусетс, изгубен е животот на бебето кое се родило веднаш откако нејзината мајка била погодена од заскитан куршум додека се возела во автобус.

Жената која била застрелана, а потоа се породила е една од неколкуте луѓе застрелани откако избила тепачка во центарот на Хољок, соопштија локалните власти.

Сепак, не беше веднаш потврдена состојбата на луѓето кои беа застрелани во престрелката, ниту дали некои осомничени се уапсени, иако портпаролот на државната полиција рече дека не верува дека постои континуирана закана за јавноста.

Бремената жена била застрелана додека седела во јавен автобус и била пренесена во болница во критична состојба, соопшти окружното обвинителство на округот Хемпден.

„На бебето, кое се родило по приемот на ранетата мајка во болница, му била потребна лекарска помош, но и покрај напорите на лекарите, новороденчето трагично починало“, се наведува во соопштението на обвинителството.

На пукањето во средата во 12:38 часот по локално време одговорила полицијата, а во првите реакции на полицијата било соопштено дека во конфликтот што му претходел на пукањето, очигледно, биле вмешани тројца мажи.

Официјални лица потврдија дека е започната истрага.

Слични содржини