Властите во градот Халкида на грчкиот остров Евија ја истражуваат пријавата на мајка дека нејзиниот сопруг, со кого повеќе не е во добри односи, се обидел да го силува нивниот деветгодишен син во нејзиниот дом.
„Прототема“ наведува дека овој случај предизвикал згрозеност во Грција.
Во шокантната пријава во полиција, поднесена вчера попладне од 49-годишна мајка, се наведува дека 39-годишниот татко на детето го внел детето во куќата и се обидел да го силува.
Χαλκίδα: Πατέρας επιχείρησε να βιάσει τον 9χρονο γιο του https://t.co/JU7n7a5Ry1
— Protothema.gr (@protothema) October 5, 2023
Се наведува дека таткото е обвинет за обид за силување, полови дејствија врз малолетник и кршење на законот против семејно насилство.
Грчките медиуми наведуваат дека се очекува момчето да биде прегледано од медицински вештак.