ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Момче (13) пронајдено со пресечен врат

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Момчето (13) кое беше убиено во Нишка Бања било пронајдено со расекотина на вратот без знаци на живот, додека друго момче има хематом на главата, дознава „Блиц“.

Според информациите, очевидци тврдат дека ги виделе момчињата како се расправаат на улица, по што се случило злосторството. Трагедијата се случила на поткровје од куќа.

„Граѓаните го пронашле второто момче како се тетерави пред куќата и повикале полиција. Тоа момче било однесено во болница. Пронајден е нож“ – навел изворот на „Блиц“.

Постои сомнеж дека повреденото момче го убило својот врсник.

Да потсетиме, убиството е откриено денеска околу 11 часот. Итната помош интервенирала со две екипи, поради дојава дека имало тепачка, но по пристигнувањето на местото на настанот, за жал, лекарите само можеле да констатираат смрт на еден малолетник, додека другиот бил пренесен во УЧКС Ниш.

Полицијата официјално потврди дека едното дете е пронајдено без знаци на живот, а другото е пренесено во Универзитетската болница Ниш и дека се работи на утврдување на сите околности.

Слични содржини