Невистината не му прави чест на господинот Мицкоски, немањето политичка аргументација, немањето соодветна визија за политички лидер го тера да зборува на празно, реагира министерот за правда Кренар Лога на изјавите на лидерот за „Фокус“.
„Уште од моето доаѓање како министер за правда, вратите за соработка со ВМРО и Христијан Мицкоски беа отворени. Тоа се докажува со факти, со тоа што ВМРО ги имаше и ги има нацрт-верзиите на сите закони пред да бидат доставени и до Влада. Со овој факт Мицкоски е дотеран до ѕид, и изгледа лошо пред јавноста, бидејќи цело време е на мат позиција, како за Законот за амнестија така и за другите Закони“, истакна тој.
Според него, „лидер кој ја блокира перспективата на својот народ и својата земја, лидер без политичка надеж, без меѓународни пријатели, лидер кој не се оградил од политичкото наследство на Груевски не е алтернатива за иднината на европска Македонија“.