Украина: Руските сили повторно го нападнаа Харков, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
560 прегледи

Руските сили утринава го нападнаа градот Харков, а според првичните информации има повредени, соопштија украинските власти.

„Градот Харков е под оган. Има информации за напад врз центарот на градот“, објави градоначалникот Игор Терехов на Телеграм, пренесува Unian.

Украинските медиуми јавуваат дека во Харков се слушаат експлозии.

Во моментот на првите извештаи за нападите, немаше предупредување за воздушен напад во областа. Шефот на регионот Харков, Олег Синегубов, објави дека, според прелиминарните информации, има повредени во областа Киев и Основјан во Харков.

„Три лица се полесно повредени“, изјави Синегубов.

Слични содржини