361
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не ја започнала војната во Украина, туку, напротив, се обидува да ја оконча.
Тој додаде дека тоа не е територијален конфликт, бидејќи целта на Русија не е да освојува територии, туку да ја гарантира безбедноста на луѓето.
„Сега, за тоа каде треба да сопреме. Знаете, не е прашање на територија, туку прашање на гарантирање на безбедноста на народот на Русија и на руската држава. И ова е покомплексно прашање од некоја територија. Безбедноста на луѓето кои Русија ја сметаат за своја татковина, а ние ги сметаме за наш народ. Ова е толку сложено прашање што бара сериозна дискусија“, рече Путин како одговор на прашања за време на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.